fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Тутунот што се бере лист по лист ќе мора и добро да се плати, вели Мирчески

До ден денес науката и техниката немаат пронајдено решение за механизирана берба на ситнолисниот тутун па рачната берба е се уште единствен начин да се бере тутунот страк по страк и инсерција по инсерција која операција е меѓу најтешките, но и најспецифична во неговиот процес на производство.

Став на Игор Мирчески, координатор на новоформираните тутунски здруженија

Ние како земјоделци сме производители на една од најмачните земјоделски култури која според своите карактеристични својства не може да се произведува насекаде во светот. СИТНОЛИСНИОТ ТУТУН кој што го произведуваме, покрај тоа што бара одредени погодно климатско почвени услови тој исто така во најголем дел се работи со рачно производство со внатрешна поделба на трудот меѓу сите членови на семејството поради што е одомаќинет како култура во понеразвиените и сиромашни земји каде трудот кој се вложува не е ценет и е слабо платен но од друга страна им нуди енормни заработки на откупувачите и државата. Токму од овие причини во последните неколку години а и во годините кои претстојат според сите показатели ова производство ќе бележи значителен пад во светски рамки, а и кај нас, бидејќи се повеќе традиционални производители на ситнолистен ориентален тутун се откажуваат од оваа култура поради ниските откупни цени и се помалата финансиска исплатливост на овој вид на производ. До ден денес науката и техниката немаат пронајдено решение за механизирана берба на ситнолисниот тутун па рачната берба е се уште единствен начин да се бере тутунот страк по страк и инсерција по инсерција која операција е меѓу најтешките, но и најспецифична во неговиот процес на производство.

Од тие причини почитувани тутунари крајно време е да ја сфатиме нашата вредност и важност во процесот на производството на тутунот. Време е да им дадеме до знаење на откупните компании и државата дека крајно време е да се свестат и да се соочат со фактот дека културата произведена на овој начин МОРА да биде добро платена бидејќи е се помал бројот на земјоделци, а особено тутунопроизводители кои работат без математика, а кои додека нормалниот свет спие мора да стануваат во 2 по полноќ да го жртвуваат не само сопствениот сон и сонот на нивните деца туку и нивното здравје. Почитувани, нашиот производ е ЗЛАТО вреден и од тие причини големите корпорации со години оперираат на овој простор и го купуваат речиси секое ливче произведен тутун, но за жал и поради лошата политика што се води од страна на државата во земјоделието и се помалкуте механизми за наша заштита, верувајте за брзо време тутунот ќе го има само на државниот грб на Македонија. Затоа едно треба да им биде јасно и на откупувачите и на државата, дека доколку не се изнајде задоволително решение за сите страни тоа ќе значи крај на оваа наша гранка, а од чиј крај верувајте најголеми губитници ќе бидат само откупувачите и државата.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close