fbpx
ВестиТоп вести

Свеста за употребата на антибиотици во лекувањето на животните – сведена на минимум

Едно од решенијата за неодговорната употреба на антибиотиците во лекувањето на животните на фармите е и строгата контрола на продажбата на овие лекови на црниот пазар. Неконтролираното користење довело до тоа бактериите да станат отпорни на одредени препарати, така што потребни се поголеми дози, а некои лекови се и неупотребливи.

Во пракса, како и кај луѓето, се употребуваат често, дури и кога тоа не е навистина неопходно. Се случува и на животните да им се дадат поголеми дози од пропишаните. Поради тоа, антибиотиците може да се пренесат и на намирниците, што понатаму може да предизвика несакани ефекти. Ова е сериозен проблем, кој во иднина може да доведе до до неможност за навремено лекување.

Она на што советуваат ветеринарите се однесува на подигнување на свеста на производителите, од причина што евидентни се примери во кои истите ги лекуваат животните со антибиотици на своја рака. Ваквата пракса, не е локален, туку меѓународен проблем, поради што препораката е лекувањето на животните да им се препушти на стручни лица, кои единствено се надлежни, да го прават тоа.

Да се користат кога навистина мора

Светскиот тренд, говори дека антибиотиците треба да се применуваат само кога мора, односно кога тоа е неопходно. Некои земји, целосно ги исфрлиле од употреба, иако во поединечни ситуации, тие се единствено решение.

Со контрола на употребата на лековите се спречува и настанувањето на антимикробна резистенција, како најтешка последица од нивната неодговорна употреба.

ЕУ ја забранила употребата

Европската унија ја забранила превентивната употреба на антибиотици. Воочено е дека, претставуваат голем проблем во сточната храна, каде често се додаваат, со цел стоката добро да напредува и да не се разболува.

Во случај на болест, лековите се додаваат во храната многу подолго, отколку што е потребно, а со т.н терапија се престанува само неколку денови пред колењето. Тоа не е доволно долг период, лекот да се неутрализира, така што резидуите остануваат во месото, млекото и другите производи.

Проблемот поопасен од ХИВ

ЕУ веќе ја забранила нивната употреба во цели за стимулација на растот, што не е случај во Америка. Поради тоа, одделни видови антимикробни резистенции, таму однесуваат повеќе животи, отколку ХИВ во целиот свет.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close