fbpx
ВестиЕкологијаТоп вести

Модернизација на системот за јавно осветлување во Општина Новаци

Модернизација на системот за јавно осветлување во Општина Новаци

Во Општина Новаци се поставува новоЛЕД улично осветлување. По низата спроведени постапки и донесени  одлуки, (Одлука за усвојување на  физибилити студијата за оправданост од воспоставување на Договор за ЈПП  за модернизација на јавно осветлување, Одлука за започнување на постапка  за доделување на договор за воспоставување на ЈПП ,Јавен повик за избор на најповолен понудувач и Одлука за избор на приватен партнер  од Совет на Општина Новаци, Општина Новаци склучи Договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за модернизација на системот за јавно осветлување, преку финансирање, реконструкција, управување, одржување и развој на јавното осветлување  во општината со  избраниот најповолен  групен понудувач (приватен партнер).

Вкупната инвестиција согласно договорот за ЈПП ќе изнесува 45.000.000 денари за период од 15 години.

Општина Новаци согласно физибилити студијата која претставува научен труд  моментално со сегашното јавно улично осветлување(живини, натриумови, халогени светилки) на годишно ново  трошеше  420.000kW електрична енергија  или 3.400.000 денари за електрична енергија и уште 2.000.000 денари за одржување на уличното осветлување.Сега со новите ЛЕД светилки  на годишно ниво ќе се троши 142.000 КW електрична енергија  што ќе значи  66.10% заштеда.За 15 години согласно пресметките заштедата ќе биде околу 300.000 евра.

Комплетно ќе биде заменето уличното осветлување во населените места во Општина Новаци  кои имаат уличен систем, каде ќе бидат заменети 1083 светилки и дополнително ќе се инсталираат уште 300 светилки. Новите ЛЕД светилки се со различна јачина од -25W, 35W, 82W, 150W,16W.

Поради големите трошоци за електрична енергија  во делот на уличното осветлување, Општина Новаци пристапи кон рационализација  на енергијата и поставување на модерен и ефикасен систем на улично осветлување на цела територија на општината.Со примена на ЛЕД технологијата се добива на заштеда до 70 % и поврат на инвестицијата. Со поголемиот флукс на светлина придобивките се поголеми  во однос на социјалната и сообраќајна безбедност.

Животниот век на новите сијалици е над 10 години, со 100.000 часа  трајност, а на досегашните живини, натриумови и халогени до 30.000 часа.Ова ќе значи и дополнителни  заштеди при манипулациите кои се потребни при замена  на овие сијалици, бидејќи три пати повеќе имаат век на траење ЛЕД светилките.

А.Б.

 

Слични написи

Back to top button
Close