fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Променливо облачно со засилен ветер и релативно топло

Ветерот ќе биде од јужен правец (на повеќе места над 60 км/час) и ќе се задржи релативно топло време

Променливо облачно и релативно топло. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец (на повеќе места со брзина над 60 км/ч). Попладне во западните и северните делови ќе има врнежи од дожд, кои ќе продолжат и ќе се прошират преку ноќта, а локално ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20 степени.
Во Скопје променливо облачно и релативно топло. Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Максималната температура ќе достигне 20 степени.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close