fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Нов Зеланд планира целосно да го забрани пушењето за идните генерации

Нов Зеланд планира да го забрани легалното купување на тутун за идните генерации.

Согласно предложениот нов закон, постепено ќе се зголемува законската возраст за купување тутун, изјави помошник министерот за здравство д-р Ајша Верал на прес-конференција во четвртокот.

„Сакаме младите никогаш да не почнат да пушат, така што ќе направиме продажбата или набавката на тутун за новите групи млади луѓе да биде прекршок“, рече таа.

„Кога законот ќе стапи на сила, 14-годишниците нема да можат легално да купуваат тутун“, додаде таа.

Владата планира да го претстави предлог-законот во парламентот во 2022 година, како дел од кампањата за намалување на распространетоста на пушењето во заедницата на помалку од 5 проценти до 2025 година.

Според владините податоци, 13,4 отсто од возрасната популација на Нов Зеланд е класифицирана како пушач. Тоа е помалку во однос на 18,2 отсто во 2011/12 година.

Сепак, меѓу 4.000 и 5.000 луѓе секоја година умираат од болести поврзани со пушењето, според Министерството за здравство.

„Пушењето сè уште е водечка причина за смрт што може да се спречи во Нов Зеланд и го предизвикува секој четврти случај на рак“, рече Верал.

Штетата поврзана со пушењето е особено распространета меѓу Маорите и во средините со ниски приходи.

Според Министерството, околу 32 отсто од жените Маори пушат, што е највисока стапка во земјата. Што се однесува до мажите Маори, 25 отсто од нив пушат.

Со предложениот закон, владата ќе им даде приоритет на „практичните мерки за поддршка“ на пушачите за да им помогне да престанат да пушат, додаде Верал.

Ова вклучува осигурување дека може да се произведуваат, увезуваат и продаваат само производи со многу ниско ниво на никотин, како и построги ограничувања за рекламирањето на тутунот. Значително ќе се намали и бројот на продавници што ќе можат да продаваат тутунски производи.

Новиот закон не го опфаќа „вапинг“, што сè уште е популарен меѓу младите во Нов Зеланд. Ноемврискиот извештај на новозеландската Фондација за астма и респираторен систем покажа дека речиси 20 проценти од учениците користат „вапинг“ на дневна основа, а 57 од нив веруваат дека тоа има негативен ефект врз нивното здравје.https://www.mkd.mk/svet/vesti/nov-zeland-planira-celosno-da-go-zabrani-pushenjeto-za-idnite-generacii

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close