Моќта на ракијата е неверојатна: Решава одредени проблеми подобро од кој било лек
Нашиот народ отсекогаш верувал дека ракијата е многу лековита и дека неколку чаши од овој жесток пијалок позитивно влијаат на здравјето
Нашиот народ отсекогаш верувал дека ракијата е многу лековита и дека неколку чаши од овој жесток пијалок позитивно влијаат на здравјето, што го потврдија и некои медицински истражувања.
Сливова и лоза се најпознатите ракии, а како што кажува самото име, се прават од сливи и винова лоза. Со оглед на високиот процент на алкохол во ракијата, сепак мора да бидеме внимателни со нејзиното консумирање, но малата и навремена количина ракија брзо ќе излечи одредени здравствени проблеми.
Во продолжение ви пренесуваме листа на заболувања кои нашите предци со децении успешно ги лекувале со ракија.
Болки во стомакот
Јадевте тежок и мрсен оброк што ви предизвика стомачни болки? Прст-два сливова или лозова ракија веднаш ќе го смират стомакот.
Забоболка
Држете голтка ракија на болниот заб десет секунди, протресете ја и потоа исплукајте ја.
Повторете уште два-три пати со не многу јака ракија да не ги иритира премногу непцата.
Воспалено грло
Ако се работи за болно грло, т.е. болки во грлото предизвикани од бактериска инфекција, ракијата со неколку капки прополис успешно ќе го дезинфицира грлото. Ќе ви помогне и топол билен чај со неколку лажички ракија.
Болка во грбот
Нежно масирајте малку ракија на болниот и вкочанет грб. Повторете ја постапката по неколку часа.
За оваа намена посебно се препорачува комова, но ќе делуваат и други ракии.
Вкочанет врат
Исто како вкочанет грб, на ист начин можете да го третирате и вкочанетиот врат со ракија.
Болка при ревматски заболувања
Кај заболените од артритис, масажата со ракија често се користи за ублажување на болките во зглобовите.
Оток
Докажано е дека ракијата ја лади кожата, па добро делува на оток. На отеченото место можете да масирате ракија или да ставите облога.
Имајте на ум дека ракијата може да ја иритира кожата по само неколку минути, затоа чувајте ги облогите на отечениот дел од телото кратко време.
Слаба циркулација
Нашите баби и дедовци често по будењето ја започнуваа слабата утринска циркулација со чашка ракија.
Уролошки проблеми
Ракијата со магдонос е одличен сојузник во борбата против бактериските инфекции на уринарниот тракт.https://nezavisen.mk/