
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Момче на 20 години од село Трап поседувал 5 пушки и муниција, полицијата му ги одзеде
Службеници од СВР Битола извршиле претрес во дом и помошни простории на Д.С.(20) во с.Трап, битолско. При претресот биле пронајдени и одземени четири ловечки пушки, една воздушна пушка и куршуми за пушки од различен калибар.
Полицијата соопшти – На 05.02.2025, по претходно издадена наредба од Основен суд Битола, полициски службеници од СВР Битола извршиле претрес во дом и помошни простории на Д.С.(20) во с.Трап, битолско. При претресот биле пронајдени и одземени четири ловечки пушки, една воздушна пушка и куршуми за пушки од различен калибар. По целосно документирање на настанот, против лицето ќе следува соодветна пријава.