fbpx
Вести

Москва го забрани увозот од БиХ

Руската ветеринарна и фитосанитарна регулаторна компанија „Роселкхознадзор” од вчера воведе привремена забрана за увоз на производи од Босна и Херцеговина, поради недостаток од потврди за безбедноста на производите.

moskva go zabrani uvozot od bih

 

„Ограничувањето се воведува поради недостаток од информации за фитосанитарниот статус на Босна и Херцеговина, како и поради одбивањето на Министерството за надворешна трговија на БиХ да ја прифати инспекцијата на „Роселкхознадзор“ која требаше да ја спроведе фитосанитарната контрола на системот”, се наведува во соопштението.

Забраната посебно се однесува на увозот на производи преку трети земји, пренесе ТАСС.

Извозот од Босна и Херцеговина во Русија во 2015 година значително е зголемен, особено кога станува збор за овошјето и зеленчукот.

Во првите шест месеци од 2014 година, од БиХ во Русија беа извезени овошје и зеленчук во вредност од 27.000 евра. Во истиот период од 2015 година во Русија беа извезени само јаболка и крушки во вредност од повеќе од пет милиони евра.

Договорот за трговија меѓу БиХ и Русија е во функција веќе 11 години.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close