fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Патот преку Галичица ќе биде затворен за сообраќај до 13 август

Од ЈП „Национален парк Галичица“ апелира до јавноста за трпеливост и солидарност

Поради градежни активности и реконструкција, патниот правец преку Галичица од 9 до 13 август ќе биде затворен за сообраќај, јавува Ohridnews.com.

„За непречено одвивање на активностите на терен, патниот правец ќе биде затворен за сообраќај од 8 до 17 часот секој ден, од превојот Баба во насока на Отешево. Сообраќајот од Охрид до превојот Баба ќе се одвива непречено“ , информираат од ЈП „Национален парк Галичица“.

Од ЈП „Национален парк Галичица“ апелира до јавноста за трпеливост и солидарност, дотолку повеќе што во овие моменти зголемен е и ризикот од појава на шумски пожари.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close