fbpx
ВестиТоп вести

Можности за кредитирање во земјоделството

zemjodelstvo

Инвестициите во земјоделството директно зависат од кредитите, а банките се претпазливи и бараат сигурни гаранции за нивните пари. Поради специфичноста и големиот ризик во производство, финансиски слабо обезбедените земјоделци за да можат да се задолжат, според експертите, мора да бидат следени и со државни мерки…

Кредитирањето во земјоделството не треба да ги надомести само ограничените финансиски можности на земјоделците. Според експертите, парите им се неопходни и поради специфичниот начин на производство, односно несигурноста колкав ќе биде очекуваниот род, променливите цени и долгото време и трошоците од почетокот до продажбата на финалниот производ.

Банките секогаш се претпазливи кога е во прашање одобрувањето на земјоделските заеми. Засега во овој сектор има неколку можности за полесен пристап до банкарските кредити.

Годинава се предвидени 30 милиони денари за субвнеционирање на каматите за инвестициите преку ИПАРД програмата.

Исто така во најскоро време треба да профункционира и националниот Гарантен фонд кој ќе биде жирант за земјоделците за кредитите земени од комерцијалните банки. Со овие средства е обезбедена гаранција за максимум 50 проценти од висината на добиениот кредит чија вредност може да биде најмногу до 500.000 долари.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close