fbpx
Вести

Мразот ги остави лозарите без лозје, а овоштарите без овошје

lozje

Во одредени региони студениот бран целосно им го уништи родот на земјоделците. Проценките се дека годинава поради намалувањето на родот во одделни региони се очекува летово да се зголемат цените на грозјето по пазарите. Повисоки цени се најавуваат и за овошјето и за раноградинарски култури од Преспа, Струмичко, Прилепско и други региони кои беа зафатени од пролетниот мраз

Ниските температури и уништениот род им создадоа уште поголеми проблеми на лозарите од Тиквешијата кои и така ги имаа поради неисплатеното грозје од последната берба и субвенциите кои се уште не ги добиле. Лозарите велат дека ја поминуваат најтешката година досега. Единствен спас им е помошта од државата која ќе може да им ги ублажи штетите.

Штетите од студот во одредени региони се огромни. Проценките се дека годинава поради намалувањето на родот во одделни региони се очекува летово да се зголемат цените на грозјето по пазарите. Повисоки цени се најавуваат и за овошјето и за раноградинарски култури од Преспа, Струмичко, Прилепско и други региони кои беа зафатени од пролетниот мраз.

Во одредени региони студениот бран целосно им го уништи родот на земјоделците. Штетите се проценуваат во милиони евра. Само во Овчеполието првичните сознанија на земјоделците се дека изгубиле род вреден околу 10 милиони евра. Затоа земјоделците за да можат да продолжат да инвестираат во насадите бараат итни мерки за обесштетување и брза исплата на субвенциите.

– Најголеми штети на лозовите насади има во регионите на Неготино, Кавадарци и Свети Николе. Лозовите насади се 100 отсто уништени, бидејќи имавме и зимско и пролетно мрзнење. Голем дел од лозарите годинава останаа без својот род, мразот им го изеде. Сега се надеваме дека Владата ќе ни излезе во пресрет и ќе не обесштети, вели претседателот на регионалниот Сојуз на лозари “Агротиквешија# од Кавадарци, Љупчо Аризанов.

Тој се надева дека наскоро ќе ги добијат парите од субвенциите, за кои се чека одобрение од Уставен суд.

-Исплатата на субвенциите е закочена, се уште не сме ги добиле парите. Се надеваме дека до крајниот законски рок 30 јуни ќе ги добиеме парите за да можеме да продолжиме со производство и да ја обезбедиме нашата егзистенција, вели Аризанов.

Лозарите велат дека ја преживуваат најтешката година во лозарството. Винариите им должат големи пари за предаденото грозје од лани, субвенции се уште не добиле, а ниските температури кои го измрзнаа годинешниот род беа последната лоша работа што им се случи.

Заменик-министерот за земјоделство, Ванчо Костадиновски, рече дека е направен увид на терен, при што е констатирано дека неспецифичните временски услови и мразот предизвикаа штети во сите региони во Македонија со исклучок на една или две општини во јужниот дел.

Согласно законот, штетите ќе се исплаќаат до 100 отсто и не е стриктно утврдено колкав ќе биде процентот на исплата. Висината на исплатената штета ќе зависи од големината на оштетувањата, од вкупната сума која ќе треба да се обесштети и согласно средствата со кои располага ресорното Министерството.

Подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство веќе примаат барања за проценка на штетите од мразот, а рокот за поднесувања на барањата е 10 мај. Штетите на терен ќе ги проценуваат 73 комисии формирани за оваа цел.


 

вечер.мк

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close