fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Тетовскиот зеленчук наместо во ресторани ќе скапи по нивите

Тезгите на пазарот во Тетово преполни со квалитетен зеленчук и овошје, но производите не се продаваат. Пандемијата драстично ја намали продажбата, се жалат земјоделците.

 

Мустафа Ќемали од тетовското село Џепчиште од оваа тезга со домати и зелка го прехранува своето семејство. Годинава е задоволен од родот и квалитет, но продажбата вели многу слабо оди.

Зеленчукот во овој период од годината до лани се продаваше претежно за угостителските објекти каде се организираа свадби крштевки и други манифестации. Но, годинава поради пандемијата, нема свечености, а нашиот производ нема да се продаде, претежно ќе скапе по нивите.

-Јас произведувам 30 тони зелка но и домат доста. Годинава имам доста род, но бадијала не се продава ќе ми скапе на нивите. Површините ќе ги изфрезирам со трактор, друга опција немам, вели земјоделецот Мустафа Ќемали.

И Сашо Ѓорѓевски од тетовско Долно Седларце со иста приказна. Вели поради намалената продажба цената на производите многу ниско падна.

-Лани доматот зборувам за домашен домат се продаваше по цена од над 1 евро сега не можам да го продадам и за 40 денари. Имаме многу ниски цени поради намалената продажба. Сега ќе ни купи некој по еден килограм и два и толку , но тоа не е работа од тоа не можеме да опстанеме, рече Ѓорѓиевски

Тој вели дека пласманот на производите е проблем со кој се соочуваат секоја година. Но откупот поради пандемијата го допре дното. Ќемали смета дека единствен спас е отворање на еден или повеќе откупни центри во полошко.

-Ние сме многу задоволно кога има откуп на нашите производи. Добиваме информации дека има откуп во Скопје на Кванташки пазар и одиме таму . Кога има откуп годината е успешна, а кога нема не е успешна. Секаде има откупни центир, само тука кај нас нема,. Кога би имало тука тогаш би било полесно и многу би бил посисплатлив земјоделскиот труд, рече Ќемали

Потпретседателот на Националната федерација на фармери Мемет Синани, вели дека полошкиот регион е див запад во секој сектор па и во областа на земјоделието, каде има големо производство, а нема откупни центри .

-Еден откупен центар во полог немаш за компир за пипер за домат како што е Струмица на пример или во Гевгелија. Кај нас тоа го нема и кај нас е работата пуштена стихијна. Сега е дојдено време да се направи договорно производство. Со фирма ќе направиш договор ќе ти произведам пипер или друг производ и ќе им го прададеш и готово. А сега јас да го произведувам да го складирам и на крај нема продажба, рече Синани.

Тој смета дека земјоделците не се доволно организирани во полошкиот регион, затоа и во овој регион нема откупни центри. Дополнителен проблем е што државата поголем акцент но и повеќе внимание му посветува на источниот регион.

 

Зоран Димовски

 

Слични написи

Back to top button
Close