Вести

Предлог: Пет летни салати

salati

Во лето сè што сакаме да јадеме се свежи зеленчуци. Ако добро ги комбинирате и им додадете малку месо, млечни производи и зачини, направите нови комбинации, тогаш имате разновидно мени со месеци.

Овие 5 салати се прават за 5 минути и од состојки кои ги имате во фрижидер секој ден.

За појадок, ручек или вечера:

1. Салата од грозје, диња и фета

Состојки:

  • Зелена салата
  • 100g фета сирење
  • 1 мала шолја грозје
  • 300-400g диња
  • Малку сечкани бадеми
  • 2 лажички маслиново масло

Исечкајте ги сите состојки, измешајте и полијте со маслиново масло. Нема потреба да посолувате.

2. Краставица во павлака

Состојки:

  • 2-3 свежи краставици
  • 1/3 шолја кисела павлака
  • Малку оцет
  • Копар
  • Сол

Измијте ги краставиците, не ги лупете и исечкајте ги на тенки кругови. Додадете ја павлаката и измешајте. На крајот посолете, зачинете и додадете оцет.

3. Салата од лубеница и краставица

Состојки:

  • 250g лубеница исечена на коцки
  • 2 средни краставици
  • 120g фета сирење
  • Босилек по вкус

Исечканите коцки лубеница помешајте ги со дебели кругови краставица пресечени на половина, па на крај додадете го изронетото сирење. Зачинете со босилек.

4. Капрезе со пршута

Состојки:

  • 15 мали шери домати
  • 2 моцарела топчиња
  • 10 парчиња пршута
  • 1/4 лимон
  • Маслиново масло

Исечете ги доматите и моцарела топчињата. Исцедете го лимонот и додадете го маслото. Парчињата пршута наредете ги цели, врз салатата.

5. Салата со диња и пршута

Состојки:

  • 12 парчиња пршута
  • Зелена салата
  • 300g лубеница сечена на коцки
  • Маслиново масло
  • Лимонов сок

Исечете ја зелената салата и во неа додадете ја лубеницата. Ставете масло и лимон, а врз салатата наредете ги парчињата пршута.


 

макфакс

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close