fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

МЗШВ-Собраниската комисија за земјоделство да ги разгледа и донесе предложените закони во интерес на земјоделците

МЗШВ поднесе измени и дополнувања на Законот за земјоделство и рурален развој, како и за изменување и дополнување на Законот за основање на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Два предлог-закона поднесени од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, веќе две години се заглавени во Собранието, реагираат од МЗШВ и апелираат до пратениците, законските решенија што побрзо да се донесат во интерес на земјоделците.

 

 

– Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во април, до Собранието на Република Северна Македонија поднесе измени и дополнувања на Законот за земјоделство и рурален развој, како и за изменување и дополнување на Законот за основање на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Целта на измените и дополнувањата е да се олесни начинот за аплицирање на земјоделците и намалување на процедурите за добивање на финасиска поддршка преку програмите на министерството за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, објаснуваат од МЗШВ.

Оттаму појаснуваат дека измените на Законот за основање на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, овозможуваат нова надлежност и ингеренција на Агенцијата во насока на воспоставување, одржување и управување на базите и регистрите, неопходни за имплементација на мерките за земјоделство и рурален развој. Тоа, пак, е предвидено во Законот за земјоделство и рурален развој, како и преземање на постапката за упис, бришење и измена на земјоделските стопанства во Единствениот регистер на земјоделски стопанство.

Од МЗШВ велат дека техничката имплементација на овие промени се извршуваат преку проект финансиран од Европската Унија. – Веќе речиси две години овие законски решенија се заглавени во Собранието, а дополнително, од нерабирливи причини, претседателот на собраниската Комисија за земјоделство не закажува седница на матичната комисија каде треба да се разгледаат овие две предложени законски измени, нагласуваат од Министерството, додавајќи дека, исто така, е блокиран и предлог Законот за измена и дополна на Законот за земјоделско земјиште со кој се врши усогласување со Законот за урбанистичко планирање.

– Целосно неоправдани се блокадите на законите насочени кон подобрување на правата на земјоделците. Ваквите блокади единствено водат кон отежнување на состојбата во овој сектор. Истовремено, секоја блокада на заслужената финансиска поддршка, како оваа или пак како блокадата со исплатата на тутунот, во вакви кризи времиња дополнително ја намалува поддршката за македонските земјоделски производи, што може да влијае кон намалување на земјоделските површини и култури, но и кон зголемување на цените на основните прехранбени производи, велат од МЗШВ.

Оттаму апелираат до претседателот и членовите на Комисијата за земјоделство, но и до сите пратеници во Собранието, високо во приоритетите да го стават, како што велат, гласот на земјоделците и да ги донесат законите кои го подобруваат и помагаат нивното работење.

– Место за политика во земјоделството нема, ниту ќе дозволиме да има. Политичките игри и препукнувања не смеат да бидат на штета по македонските земјоделци. Исправени сме пред сериозна криза, каде простор за блокади и притисоци нема, само заедно и единствени можеме да излеземе од оваа криза да излеземе со помали последици кон македонските земјоделци, а со тоа и кон сите граѓани во државата, истакнуваат од МЗШВ. 

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close