МЗШВ:непречена исплата на субвенциите до земјоделците со истечени договори за закуп, во време на изборниот процес
СООПШТЕНИЕ до земјоделците
Водиме грижа за секој земјоделец и овозможуваме непречена исплата на субвенциите. Како предлог на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Владата на Република Северна Македонија на денешната седница ја усвои измената на Уредбата за директни плаќања за 2024 година.
Измената на Уредбата е во насока да озоможи право за субвенции на сите земјоделци на кои во овие месеци за време на изборниот процес, имаат истечени или ќе им истачат договорите за закуп на земјоделско земјиште.
Земјоделците правото на субвенциите ќе можат да го остварат врз основа на старите договори. Продолжувањето на договорите ќе се изврши веднаш по завршувањето на изборниот процес, продолжувајќи се на 15 години согласно последните измени во законот за земјоделско земјиште.
Дополнително со измените во Уредбата се врши бришење на скалестата пресметка на висината на директните плаќања за подмерката 2.13.- Директни плаќања за продадени или заклани гоеници во регистрирани кланични капацитети.
Секторот свињарство последните 2 години беше соочен со голем предизвик во справувањето со појавата на афринската свинска чума, па ваквата измена на Уредбата дава зголемена поддршка за производителите на свинско месо.