fbpx
Вести

МЗШВ: Огласот за вработување е за сите етнички заедници

mzsv

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска преку соопштение ги демантира наводите на БЕСА за дискриминација кон етничките малцинства во огласот за вработување што го објавила оваа институција.

– Огласот за вработување бр.70/2018, кој МЗШВ го распиша на ден 11 јуни 2018, е изработен согласно позитивните законски одредби и годишниот план за вработувања за 2018 година. Тој целосно ја запазува можноста за аплицирање на сите етнички заедници. Имено, од вкупно 42 работни места предвидена е можноста е да аплицираат 28 припадници од македонската заедница, 10 припадници од албанската, два припадници од турската, еден припадник од ромската и еден припадник од другите етнички заедници во РМ, се вели во соопштението од МЗШВ.

Во однос на употребата на македонскиот јазик, од Министерството потенцираат дека оваа институција не ги пропишува општите услови на огласот, туку оти тие се изрично наведени во член 31 став 1 од Законот за административни службеници. Тука, велат од Министерството, се пропишани сите општи и посебни услови за вработување на секој админстративен службеник.

– МЗШВ останува посветено на обезбедување подобри услови на земјоделците и сите засегнати страни. Истовремено Министерството се грижи и за подобрување на работните услови на своите вработени, водејќи сметка и за правичната застапеност при секое наредно вработување, се истакнува во соопштението од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.


 

бриф

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close