fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

МЗШВ: За прв пат после 23 години и со карго транспорт, се извезува свежо македонско јагнешко месо во Јордан.

За прв пат после 23 години и со авионски карго транспорт, вчера се изврши извоз на свежо разладено македонско јагнешко месо во Јордан. Се работи за извоз на 2.000 јагниња, откупени од домашните одгледувачи на овци, кои со авионски транспорт  вчера доцна попладне се извезоа во Јордан, информираат од Министерството за земјоделие.

„Овој извоз го најавивме уште пред два месеци, барајќи алтернативни пазари за извоз на јагнето и за решавање на кризата за извозот на јагнето поради пандемијата од вирусот КОВИД 19, и целта ја остваривме. После 23 години, денес повторно македонското јагне се извезува во Јордан. Околу 30 тони свежо разладено македонско јагне заминува на пазарот во Јордан“, изјави министерот Димковски.

 

Диркеторот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов посочи дека со отворањето на пазарот во Јордан, се отвораат нови пазари не само за јагнето туку и за другите македонски земјоделски производи.

 

„Преговорите со надлежните служби од Јордан почнаа уште на почеокот на годината. Успешно ги завршивме со усогласување на здравствено-ветеринарниот сертификат за извоз на македонско јагне во Јордан, и еве започна првиот извоз. АХВ и понатаму останува посветена да работи на отворање на нови пазари и да ги договара со странските земји здравствените гаранции за македонското јагне“, изјави директорот Атанасов.

 

Поради пандемијата предизвикана од вирусот КОВИД 19, годинава извозот на јагниња се одвива со намален интензитет, особено на традционалните пазари. Од почетокот на извозот на јагне, МЗШВ и АХВ беа во постојана комуникација со амбасадите, откупувачите и одгледувачите на јагне со цел да најдат пазари за македонското јагне. Поради кризната ситуација, за да им се помогне на одгледувачите на овци, МЗШВ ја зголеми вкупната финансиска поддршка за женско јагне на 2.500 денари по грло.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close