Започнаа со работа дисперзираните канцеларии на МЗШВ во Општините Новаци и Могила

(Oвој напис е објавен на: April 22, 2019)

Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) Битола  информира дека од денеска ставени се во функција  дисперзираните  канцеларии на Министерството  во општините Новаци и Могила.

Со отворањето на канцелариите, земјоделците од двете пелагониски општини ќе може директно да комуницираат со стручни лица од МЗШВ, да се информираат и да аплицираат за финансиска поддршка во земјоделството.

-Во овој периодот  актуелно е поднесувањето на барања за субвенции за 2019 година. Вработените лица им стојат на располагање  на земјоделците и со цел да им се излезе во пресрет на нивните потреби канцелариите во Општините Могила и Новаци ќе работат од 8:00 до 16:00 часот. Сите оние земјоделци што не може сами да аплицираат по електронски пат, ќе им помогнат за тоа вработените во дисперзираните канцеларии.  Пријавувањата се вршат лично со лична карта или член на земјоделското стопанство, информираат од МЗШВ ПЕ Битола.

Рокот за поднесување на барања за финансиска поддршка е до 30 мај.