fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

На 1 август 2020г. завршува рокот за доставување на апликации за мерка 1, „Инвестиции во материјални средства на земјоделските стопанства“ од ИПАРД 2 програмата

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ги потсетува сите заинтересирани за аплицирање за Мерка 1 „Инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства“ дека привршува рокот за доставување на апликации.

Сите заинтересирани за користење на средства од ИПАРД 2 програмата целокупната документација треба да ја достават во затворен плик со назнака, Не отворај, за Јавен оглас ИПАРД бр 01/2020, директно во писарницата на Агенцијата или пак да ја испратат по препорачана пошта на следната адреса :

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој,
бул. „ 3-та Македонска бригада“ бр.20 (зграда на Македонија Табак блок Ц ) 1000 Скопје

Целокупната комплетна документација треба да се достави најдоцна до  сабота ( 01- ви август 2020 година).Директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски, информира дека :

„Оваа мерка е наменета и нуди можност за реализација на инвестиции во  секторите: растително, сточарско производство, преработка и директен маркетинг на сопственото земјоделско производство, производство на енергија од обновливи извори за сопствена потрошувачка. Во овој повик тракторите не се прифатлива инвестиција“- посочува Бабовски

Финансиската поддршка по поединечно барање се доделува како неповратен грант во износ од 60% од вредноста на вкупно прифатливите трошоци на инвестициите за оваа мерка. Процентот се зголемува до 65 % за инвестиции во земјоделски стопанства, управувани од млади земјоделци (физички лица на возраст од 18 години до 40 години на денот на поднесување на барањето за финансиска поддршка) и 70% за инвестиции во земјоделски стопанства во планинските области.

Вкупната финансиска поддршка во рамките на овој јавен повик, изнесува  9.216.693 евра или 568.147.394 денари.

Преку искористувањето на средствата од ИПАРД 2, Република Северна Македонија ќе обезбеди достигнување на стандардите на Европската Унија кои се однесуваат на квалитет и безбедност на храна, јавно здравје, заштитата на животната средина, заштита при работа, здравје и заштита на растенијата и на животните, благосостојба на животните, како и поддршка за одржливо управување со природните ресурси и подобрување на условите за живот во руралните средини и руралната економија во целост, соопштуваат од агенцијата.

Слични написи

Back to top button
Close