fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Љупчо Николовски се враќа за министер за земјоделство, шумарство и водостопанство

Од 15 ноември 2015 до 30 декември 2016 година е дополнителен заменик-министер во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Во јуни 2017 година стапи на функцијатата министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Љупчо Николовски е роден на 20 август 1983 година во Крива Паланка. Дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ во Скопје, насока финансиско право во 2007 година. Со дипломата – специјалист по политички менаџмент се стекнал на Нов Бугарски Универзитет, бугарски факултет за политики и Совет на Европа.

Николовски е овластен претставник за заштита на правата на индустриска сопственост пред Државниот завод за индустриска сопственост од 2012 година. Магистрант е на програмата за Административно право и Јавна администрација на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ во Скопје.

Од 2009 до 2011 работи како консултант и секретар за корпоративно управување во Институтот за директори Скопје, како консултант во „AAG, Analysis and Advisory Group“, со фокус на човечки ресурси и деловно право, ЕУ фондови и финансирање.

Од февруари 2014 ја врши функцијата шеф на Кабинетот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Од 15 ноември 2015 до 30 декември 2016 година е дополнителен заменик-министер во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Во јуни 2017 година стапи на функцијатата министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Во јули 2019 до минатиот месец беше генерален секретар на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Од 4 август до изборот за заменик на претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси е пратеник во Собранието.

Николовски е член на Унијата на правници на Република Македонија, член на Македонската унија на млади правници, член на Македонската комора на правници и Ambassador of Knowledge – Life learning Academia – Organization for Certification and Professional Knowledge Process Management – Љубљана, Словенија. Течно говори англиски и италијански јазик.https://nezavisen.mk/biografii-na-chlenovite-na-novata-vlada/

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close