fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

На 5 февруари завршува пријавувањето на вишокот на тутун

За Алсат од Министерството за земјоделство велат дека  досега се откупени 17 илјади тони тутун по просечна цена од 165 денари по килограм.

Тутунарите имаат можност до 5 февруари во Подрачните единици на Министерството за земјоделство да го пријават вишокот на произведен тутун. Според објавени информации проценката на надлежните е дека до 28 овој месец, ќе биде откупено се’ што е произведено од страна на тутунарите.

-Тутунарите секоја година добиваат на име субвенции 30 милиони евра, што изнесува 30% од вкупниот буџет за субвенционирање во земјоделството и претставува сериозна подршка од државата. Први во годината ги добиваат субвенциите, а тука е и зелената нафта, велат од Министерството за земјоделество за Алсат.

За Алсат од Министерството за земјоделство велат дека  досега се откупени 17 илјади тони тутун по просечна цена од 165 денари по килограм. А, потврдуваат и дека тутунарите како погодена група на граѓани од ковид кризата, ќе бидат опфатени со петтиот пакет економски мерки на Владата.

Тутунарите пак, обвинуваат дека ништо од договореното со владата од последниот состанок не е реализирано.https://alsat.mk/mk/povtorno-golemi-problemi-i-haos-pri-otkupot-na-tutunot/

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close