Вести
На Блаце отворени објекти за контрола на храна
Два објекти за инпекциска контрола на пратките на храна од растително и животнско потекло што влегуваат или транзитираат низ Македонија се пуштени во фукција на преминот Блаце.
Изградбата на објектите чини 660.000 евра. Парите се од Европската унија преку ИПА 2 Програмата од 2015. година.
Новите објекти на Блаце се четврти од ваков тип во земјава. Поддршка од ЕУ, Македонија доби и за изградба на инспекциски места на Меџитлија, Табановце и Богородица.
Објектите се дизајнирани и одобрени од инспекциската служба на ЕУ.