fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

На определено време ќе може да се работи само две години, а ќе може да има одмор и повеќе од 26 дена

Се готви новиот Закон за работни односи, со измените запознаени и синдикатот и работодавачите

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, синдикатот и работодавачите со различни гледишта на новиот предлог-закон за работни односи според којшто  се ограничува времето кое работникот може да биде вработен на определено време. Работодавецот ќе може да држи работник  на определено време најмногу две години, наместо сегашните пет, а потоа ќе мора да му го трансформира работниот однос на неопределено. Придобивка, според министерката, е што нема да има и горна граница колку ќе изнесува годишниот одмор која што во моментов е 26 дена,а најмалку за одмор треба да има 20 дена. Со предвидените законски измени треба во основната плата да има и задолжително пресметување на минат труд

Се ограничува времето кое работникот може да биде вработен на определено време. Работодавецот ќе може да држи работник на определено време најмногу две години, наместо сегашните пет, а потоа ќе мора да му го трансформира работниот однос на неопределено. Ова се измените што се содржани во Нацрт-верзијата на новиот Закон за работни односи што министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, го образложи во неколку наврати.

Според неа. предност е што во период од две години работодавецот нема да може да му дава на работникот да потпишува анекс на договорот секој месец, туку тоа ќе биде дозволено најмногу три пати. Тренчевска дополнува дека во законските одредби е ставена клаузула да не може еден работник секој месец да потпишува анекс.

Министерката информира дека на средбата со синдикатите барале максималното време за работа на определено да биде една година, а работодавците предлагале да остане исто – пет години или да се намали на најмалку три.

-Затоа периодот од две години е избран како компромис – вели Тренчевска и дополнува дека има и други придобивки за работниците како што е воведување на  нови форми на работа, како што се „работа од дома“ и „работа од далечина“ што смета дека е особена придобивка за младите работници да изберат како ќе работат.

Тренчевска појаснува дека токму на овие измени ги поучила ковид-пандемијата кога голем дел од работниците работеа од дома.

Придобивка, според министерката, е што нема да има и горна граница колку што ќе изнесува годишниот одмор што во моментов е 26 дена.

-ДАВАМЕ ПРАВО НА РАБОТОДАВЦИТЕ СО СИНДИКАТИТЕ ДА ДОГОВОРАТ ПРЕКУ КОЛЕКТИВНИ ДОГОВОРИ, НО ВЕЛИМЕ МИНИМУМОТ Е 20 ДЕНА, А ГОРНАТА ГРАНИЦА СЕКОЈ САМ ДА ЈА ОДРЕДИ – ПОЈАСНУВА Е ТРЕНЧЕВСКА И НАГЛАСИ ОВА СЕ САМО ПРЕДЛОЗИ ОД НАЦРТ-ВЕРЗИЈАТА,НО ЌЕ ИМА И ЈАВНИТЕ ДЕБАТИ, ПА  ВО ТЕКОТ НА ФЕВРУАРИ ЌЕ БИДАТ СУМИРАНИ ЗАБЕЛЕШКИ.

Кога ќе завршат сите овие дебати и сугестии дури тогаш Нацрт-верзијата на новиот Закон за работни односи ќе биде пуштена во владина процедура, а потоа и во собраниска.

Во врска со овие законски д ССМ велат дека голем дел од барањата им се прифатени, но останале уште 40-ина забелешки. Најголем дел од нив се однесуваат на измените на времетраењето на договорите на определено време, колективните договори и формулацијата за породилното отсуство.

-Договорите за вработување треба да бидат склучени најмногу до една година и да се спречат сите злоупотреби кои се случуваа, особено во време на пандемија и губење на работните места токму по овој тип на договори за вработување. Министерството за труд и социјала сака да ги укине колективните договори и на тој начин да остави на цедило околу 600.000 вработени во приватниот сектор и околу 138.000 вработени во јавниот сектор- реагираат од ССМ.

И работодавачите не се задоволни од предложените законски измени бидејќи при изготвувањето на промените не се земени во предвид нивните аргументи.

Според нив не е во ред да има ограничување да се склучуваат само три договори на определено време за период од две години. Тоа според нив ќе донесе многу проблеми кај компаниите, бидејќи има работници што работат на проекти кои што траат и по три години.

-Имам впечаток дека повеќе се задоволуваат потребите на работниците и синдикатот, наспроти укажувањата на работодавачите. Мислам дека синдикатите не треба вака да реагираат на овој предлог закон – вели Ангел Димитров претседател на Организација на работодавачите.https://www.vecer.press/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close