fbpx
ВестиТоп вести

Трговците  ја урнаа цената на јаболката од 2 на 1 денар

Намалувањето на температурите нема да предизвика штети во земјоделството, велат агрометеоролозите. Не се очекуваат штети кај јаболката бидејќи тие уште не се расцветани. Наместо од ниските температури штета доаѓа од трговците, велат овоштарите во Преспа.

„Поголеми штети имаме од јаболката во магацините бидејќи немаме откуп, вели Менде Илиевски од Асоцијацијата на овоштари . Напорите што се направија да добиеме помош од државата за дополнителни 3 денари субвенција, нема да вродат плод бидејќи трговците  ја урнаа откупната цена од 2 на еден денар“, додава тој.

Не се очекува да има негативно влијание  на веќе процветаните овошки како бадемите и кајсиите. Со оглед на тоа што метеоролозите предвидуваат дека ваквото време нема долго да трае, нема да предизвика штети, зашто во сегашните фази на развој, овошките може да издржат и пониски температури. Заладувањето ќе ја успори вегетацијата, што е добредојдено за овошките.

П.Ј.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close