fbpx
Вести

На пазарите во Македонија ќе нема фискализација се до влезот во ЕУ

pazar

На пазарите во Македонија ќе нема фискализација се до влез на државата во ЕУ, а регистрацијата на фирма нема да биде преку Централен регистар туку со лиценци кои ќе ги издава Комората на трговци. Ова се предвидува со новиот Закон за трговија на зелените пазари, кој беше донесен на 11 овој месец во рамки на 13 седница на Собранието на Република Македонија.

Изгласан е нов закон за пазарџии кој штом биде објавен во Службен весник на РМ ќе стапи во сила истакна денеска Екрем Долек преставник на Здружението на правата на пазарџиите.  Од таму велат дека подолг период пазарџиите барале закон кој ќе ги подели тезгаџиите од големите фирми. Новиот закон исто така не ја опфаќа фискализацијата по пазарите а и регистрацијата на фирма нема повеке да оди преку централниот регистар туку ќе биде одреден со лиценца.

Екрем Долек појаснува дека бенефитот од овој закон ќе биде обостран. Со ова законско решение сите оние пазарџии кои досега фигурира како невработени сега веќе по автоматизам ке бидат вработени и ке имаат соодветно здраствено осигурување кое нема целосно да биде на терет на државата.


 

твнова.мк

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close