вестиТоп вести

Дополнителни субвенции им следуваат на младите земјоделци

Дел од земјоделците имаат право  на дополнителни субвенции.   Младите до 40 години можат да добијат плус 10 отсто државна помош ако станале сопственици на земјоделско стопанство со превземање од постарите. Оваа помош се дава најмногу за период од пет години.

20 отсто повеќе  субвенции пак им следат на регистрираните индивидуални земјоделци.

dopolnitelni subvencii im sleduvaat na mladite zemjodelci

 

Од Платежната агенција потенцираат дека чести се случаите кога земјоделците при поднесувањето на барањата за субвенции, забораваат  да нагласат дека аплицираат и за поволностите од оваа мерка.

За оваа намена од Програмата за директни плаќања се издвоени 10 милиони денари. Развојот на земјоделското производство оваа година ќе се стимулира со близу 102 милиони евра субвенции.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close