fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

На сметките за струја ќе има нова ставка – Пристап до мрежа

Пристапот кон мрежа кај домаќинствата ќе биде минимален, три-четири евра и тој ќе се плаќа месечно. Но, за сметка на тоа ќе се намали мрежарината, вели претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, во интервју за Независен

Новата цена на струјата се „крчка“, а веќе наредната недела ќе биде соопштена од страна на Регулаторната комисија за енергетика. Првиот човек на РКЕ, Марко Бислимоски, за Независен открива дека во сметките се подготвува нова ставка, Пристап до мрежа, која  ќе биде покрај постојната за мрежарина. Но, како што уверува, тоа нема да ги зголеми сметките, или тоа ќе биде незначително, но истовремено ќе придонесе да се направи правична распределба на трошоците меѓу оние кои редовно ја користат мрежата, од другите кои тоа го прават повремено, како во викендичките, или пак поради тоа што користат сопствено производство на струја од фотоволтаици. Со претседателот на РКЕ, Бислимоски, разговаравме и за повеќе актуелни прашања, од најгорливото, кога сите граѓани ќе ги почувствуваат придобивките од евтината дневна тарифа, потоа за улогата на РКЕ во формирањето на цената на струјата, за влијанието на бугарската такса на рускиот гас, за се отпорот кај дел од стручната јавност во врска со јавно-приватното партнерство за Чебрен, како и за инвестициите во батериски системи за складирање електрична енергија.

Што е со домаќинствата, дали и таму се воведува ставката Пристап до мрежа?

Исто така и кај домаќинствата. Има голем број домаќинства каде што нема потрошувачка, или кои што поставија фотоволтаици. Значи, мрежата се одржува во текот на целата година. Фиксните трошоци сега ги плаќат само домаќинствата кои што ја користат мрежата рамномерно, секој месец во годината. Оние кои ја користат две – три недели во годината не плаќаат ништо. И тоа не е фер, не е правично. Плус, сега има домаќинства кои што поставуваат фотоволтаици. Тоа вообичаено се побогати категории на граѓани. Кога ќе го постави фотоволтаикот, нему ќе му се намали потрошувачката и тоа го создава овој ефект кој што ви го кажав.
Поради тоа и кај домаќинствата ќе се воведе Пристап кон мрежа, но за сметка на тоа ќе се намали мрежарината. Значи, не може некое домаќинство кое што не поставило фотоволтаик да плаќа за домаќинство кое што поставило фотоволтаик. Мора да зборуваме за социјална правда и за правичност. И тоа ќе го спроведеме.

Целото интервју на следниот линк https://nezavisen.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close