Дождот добредојден за обработка на земјоделските површините

(Oвој напис е објавен на: November 22, 2019)

 

Последните количини дожд што наврнаа на подрачјето на Пелагонија најмногу ги израдува земјоделците. Ќе се овозможи подобрување на влажноста на почвата и нејзино полесно обработување. Есенската сеидба  привршува , така што оваа влага поволно ќе влијае  на развојот на пченицата. Од друга страна земјоделците ќе имаат можност полесно да ја извршат подготовката за пролетното сеење на пченката.

Со квалитетна земјоделска механизација тоа може мошне успешно да се реализира. На земјоделските површини во Пелагонија се врши подривање, што ќе овозможи да се акумулира влагата , да  навлезе  во почвата , а не да се задржува на површината.

На површините во Пелагонија објективот на Зелена берза го забележа моќниот трактор John Deere  9560 so 560 коњски сили со подривач со распон од 4,6 м. Моќноста на овој трактор може да се види низ бројките кои покажуваат дека со 12 часовна работа може да се обработат  од 15 – 20 ха земјоделска површина .

П.Ј.