fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

На Србија ѝ недостигаат милион прасиња

Укината е и давачката од 8,7 динари за килограм за гоење прасиња и говеда, што според ресорната министерка Јелена Танасковиќ треба да помогне за подобрување на сточарството во Србија.

о одлука на Владата на Србија, на иницијатива на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, од годинава е укината царината за увоз на гоење прасиња со тежина до 50 килограми.

Укината е и давачката од 8,7 динари за килограм за гоење прасиња и говеда, што според ресорната министерка Јелена Танасковиќ треба да помогне за подобрување на сточарството во Србија. „Оваа мерка е донесена како мерка да им помогнеме на нашите земјоделски производители со идејата за обновување на добитокот во Србија.

Според проценките и анализите за претходните две години, што ги правеа Републичката статистика, Стопанската комора на Србија, како и Министерството за земјоделство, во моментов ни недостасуваат околу милион прасиња за да го пополниме капацитетот на фармите“, рече министерот Танасковиќ, објави Политика рс.

Таа додаде дека во претходниот период сточниот фонд е намален и дека стратешка цел на Министерството за земјоделство и на целата држава годинава е неговото зголемување, при што акцент ќе биде ставен на свињарството и сточарството.https://www.slobodenpecat.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close