fbpx
ВестиВкусот на традицијатаМакедонијаТоп вести

Ни две плати не се доволни за гол живот

Синдикалната кошница е се попразна, трошоците за живот само растат. Работникот со минимални примања може да заработи само за леб и вода

Ниту две минимални плати не се доволни за да преживее едно четиричлено семејство во Северна Македонија. Според пресметките на синдикатот, во просек околу 50 евра му фалат на секое семејство да ги подмири основните трошоци, кои вртоглаво растат секој месец. Како за илустрација од почетокот на годинава до ноември скоро за илјада денари се зголемени основните месечни трошоци. Ако во јануари на едно четиричлено семејство му биле потребни 32.791 денар за подмирување на трошоците, во ноември веќе му биле потребни 951 денар повеќе.

Синдикална кошница

Последните пресметки на Сојузот на синдикати на Македонија покажуваат дека во ноември висината на минималната кошница изнесува 33.742 денари што е за 3.874 денари повеќе во однос на две минимални плати. Најмногу пари се трошат за храна и пијалоци, како и за плаќање режиски трошоци. На едно семејство од четири члена, кое живее во дом од 50 метри квадратни и не поседува автомобил, потребни му се 14.149 денари за основни потреби за храна и пијалоци, а 8.547 денари само за подмирување на комуналните трошоци. За лична хигиена и за хигиена на домот, минималните трошоци изнесуваат 2.375 денари.

Синдикалната минимална кошница од месец во месец расне што значи дека се зголемуваат трошоците на живот на работниците. Во однос на октомври синдикалната кошничка е зголемена за 38 денари, а во однос на септември за 121 денар.  Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во октомври 2020 година, изнесува 27 899 денари. Минималната плата не е доволна повеќе ниту само за храна и пијалоци.

Најмали плати – најголеми трошоци 

Македонските граѓани имаат најниски примања меѓу земјите од поранешна Југославија. Просечната октомвриска плата во Словенија е највисока и изнесува 1.181,35 евра, потоа доаѓа Хрватска со 890,41 евра, па Црна Гора каде во ноември во просек се исплатени 525 евра. Следат Србија со 512,19 евра, Босна и Херцеговина со 490,76 евра и Северна Македонија со 454,31 евра. https://www.dw.com/mk/%D0%BD%D0%B8-%D0%B4%D0%B2%D0%B5-%D0%BF%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B8-%D0%BD%D0%B5-%D1%81%D0%B5-

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close