fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

На сред село старец се самозадоволувал пред малолетници

Кривична пријава против Ц.М.(61) поради основано на сомнение дека сторил кривично дело по чл. 190 од Кривичниот законик.

Криминалистичката полиција при СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против Ц.М.(61) од с.Црнобуки, битолско, поради основано на сомнение дека сторил кривично дело по чл. 190 од Кривичниот законик. Тој се сомничи дека на 11.04.2023, пред малолетници, се самозадоволувал на јавно место во селото.

Жртви на осомничениот биле две деца, девојчиња кои имаат помалку од 14 години.

„Основаното сомнение дека пријавениот го сторил кривичното дело произлегува од обезбедените докази, вклучително и вербални искази на две девојчиња на возраст под 14 години, пред кои осомничениот преземал дејствија на полово задоволување на јавно место во повеќе наврати“,

велат од ОЈО Битола.

За осомничениот следува 30 дена притвор

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close