УХМР: Земјоделците да ги забрзаат бербата на родот и есенската сеидба
УХМР препорачува дека навременото прибирање и соодветното складирање на земјоделските производи, како и внимателното планирање на сеидбата, се клучни за зачувување на квалитетот на родот и успешно започнување на следната производствена сезона.
Стабилното есенско време во изминатиот период им овозможи на земјоделците непречено да ги завршуваат сезонските активности, но најавените врнежи од петок и во текот на викендот ќе бараат навремено приспособување на работата на нивите, во овоштарниците и во градинарското производство – велат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Оттаму препорачуваат земјоделците да ја забрзаат бербата на пченката и сончогледот, како и на доцните сорти јаболка, круши, дуњи и мушмули, со цел собраниот род навреме да се транспортира и складира. Производителите на пиперки, домати и корнишони треба да ги приберат преостанатите плодови од отворените полиња пред евентуалното влошување на временските услови.
– Поволните суви денови беа погодни и за подготовка на почвата и есенска сеидба кај поледелските култури. По врнежите, потребно е да се следи влажноста на почвата и да се процени најсоодветниот момент за продолжување на сеидбените активности – велат оттаму.