Агро бизнисВестиТоп вести

На земјоделците им се дава ограничена количина на нафта на бензинските пумпи, се жалат фармерите

Ни даваат нафта во туба, со тие количини ни тракторот не можеме да го однесиме до ниви, а не пак да ораме“, се жалат земјоделци и бараат од МЗШВ да им овозможи на сите фармери да имаат полесен пистап до гориво

На земјоделците им се дава ограничена количина на нафта на бензинските пумпи, се жалат земјоделци до „Зелена берза“, откако утрово отише со цистрени да набават поголеми количини на нафта за пролетната сеидба.

„Сите бензински пумпи ги прошетавме низ Битола од сите добавувачи и не можевме да ги наполните цистерните за да обезбедиме гориво за пролетната сеидба. Ни даваат нафта во туба, со тие количини ни тракторот не можеме да го однесиме до ниви, а не пак да ораме“, се жалат земјоделци и бараат од МЗШВ да им овозможи на сите фармери да имаат полесен пристап до гориво со цел да не трпи работата и да имаат непречени услови да набават нафта за пролетната сеидба.

 

А.Блажевска

Поврзани новости

Back to top button