fbpx
ВестиСоветиТоп вести

ЧУВАЊЕ И СМЕСТУВАЊЕНА АРСКОТО ЃУБРИВО

gubre

Значење на арското ѓубриво:

-ги подобрува физичките, хемиските, биолошките својства на почвата

-обезбедува минерална храна за растенијата

АРСКО ЃУБРИВО

Мешавина од сточен измет, осока, простирка, соджи микро, макро елементи, вода, органска материја.

Хемискиот состав зависи од изметот и простирката. За простирка-пченична слама која добро ја впива влагата и има доста хранливи состојки.

Потребни количини простирка:

Говеда 3-4 кг/грло

Коњи 2-3кг/грло

Свињи 1,5-3кг/грло

Овци 0,5-1 кг/грло

Составот зависи од видот на животните, возраста и нивната исхрана.

Содржи 75% вода,16-20% органска материја, 0,4-0,5% азот, 0,25-0,3% фосфор, 0,5-0,8% калиум.

Количини арско ѓубриво-од 1000кг жива мера се добива 72 кг/ден ѓубриво или:

Од говеда 10т /годишно

Од овци 0,5т/годишно

Од коњи 7т/годишно

Маса на арското ѓубриво:

3 свежо арско ѓубре -300-400кг

3 полуразложено арско ѓубре -800кг

1 м3 разложено ѓубре – 900кг

Видови арско ѓубриво

-по видот на животните-коњско, говедско, овчо, свинско, живинско

 –по содржина на вода и органска материја арското ѓубриво може да биде суво и влажно.

Сувото брзо се загрева и разложува-има повеќе органски материи (овчо и коњско) се препорачува за тешки, влажни, ладни почви.

Влажното поспоро се разложува, има поомалку органски материи, повеќе вода (говедско, свинско) се препорачува за лесни, топли, растресити почви, дејството му е подолготрајно.

Правилно сместување и чување на арското ѓубриво

Правилното чување е важно за да нема загуби во хранливите материи.

Начини на чување

1.Под добитокот во шталата-потребна е простирка за да ги впива течностите, таа под добитокот се набива, разложувањето е споро, нема загуби во хранливи материи, погодно при одгледување, свињи, говеда за тов, но не и за молзни крави.

2.Студен начин на чување-на одреден дел ѓубривото се набива, анаеробни услови на разложување, помали загуби во азот (тем. 15-35 0С.)

3.Топол (кранцов) начин на чување-ѓубрето се реди во слоеви во растресита состојба (тем. до 60 0С) поголеми загуби во хранливите материи.

Ѓубриштето каде ќе се чува ѓубривото треба да е со правоаголна форма широко 4-5 м, должина по потреба, длабочина 0,5-1м, за да се задржи осоката и да дојде до ферментација

Се редат пластови со ѓубриво од 30-40 см , се полни 2-3 пати, ѓубривото се израмнува, се набива, ако е посуво се навлажнува со вода, се редат пластови до висина од 2м. Се покрива со слој земја 15-30 см за да не испарува азотот.

Добро созреано арско ѓубре има изедначен состав, темна боја, умерена влажност, лесно се рони, тежината е намалена за 20-30%.

Спред степенот на разложеност ѓубривото може да биде:

-свежо-груба мешавина од измет, вода и слама која лесно се издвојува

-полуразложено-сламата надворешно се гледа, при тргање лесно се кине

-разложено-не се гледа сламата истата е распадната

-прегорено-изгледа како ровка земја, разложувањето е целосно завршено и се употребува за ѓубрење на окопни култури

Ефекти од ѓубривото при различно време на заорување:

-веднаш заорано -100%

-2 дена во купчиња па заорано -80%

-2 дена растурено па заорано -70%

-14 дена во купчиња па заорано -55%

-14 дена растурено па заорано -49%

Арското ѓубриво има продолжено дејство-во првата година 50-60%, во втората 15-30%, во третата година 10-20%

15т/ха-слабо ѓубрење, 20т/ха-средно ѓубрење, над 25-30т/ха-силно ѓубрење.

 Арското ѓубриво во свежа состојба не треба дирекно да се користи за ѓубрење на културите, зашто не обезбедува доволно хранливи материи за културата, да се користи полуразложено или разложено а најдобро е прегорено. На лесни почви се заорува на 20 см длабочина а на тешки на 15 см. Зорување на поголема длабочина ја подобрува структурата на почвата и ја подобрува исхраната на растенијата

Кога ѓубривото се изнесува од ѓубриштето не треба да се открива цела површина за да нема загуби во азот. По изнесување на нива веднаш да се заора, да не се остава во купчиња зашто азотот лесно испарува а при дожд се испираат азотот, фосфорот и калиумот и настанува неравномерно ѓубрење на површината.

Петар Трајковски, Советник во АПРЗ

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close