fbpx
Вести

Набрана првата пролетна зелка

Во струмичкиот крај се набрани првите количества пролетна зелка и тоа што особено радува е фактот дека годинава тоа се случува нешто порано во однос на лани. Земјоделските производители што зелката ја одгледуваат во пластеници и оранжерии велат дека годинава производството е нешто порано за разлика од минатата година, кога имаше поплави, а и климатските услови овој пат беа поволни, па зелка се очекува и во поголеми количества од ланските.

nabrana prvata proletna zelka

 

По реони од земјоделските населени места, секогаш пролетната зелка најпрво стасува во населените места Банско и Куклиш, поради топлата вода, а потоа следуваат Муртино, Бориево, Моноспитово, додека Сарај и Просениково се за недела-две подоцна од претходно наброените населени места.

Инаку, откупот на првите количества пролетна зелка годинава почна со 40 денари од килограм, а зелката се пакува во гајби. Но за само неколку дена од 40 денари, цената по килограм вртоглаво падна, па наредниот ден се спушти на 35 денари, додека во моментот се откупува по 30 денари од килограм, што не е добро за раното производство.

Земјоделците се револтирани од ваквиот однос на откупувачите и додаваат дека доколку првите количества ги продаваат по овие за нив ниски цени, што останува за подоцна, за недела-две, кога ќе стаса зелката во повеќето населени места и цената од само неколку денари воопшто нема да им се исплаќа за нејзиното производство.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close