fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиТоп вести

Националната мрежа на земјоделци бара интервентен откуп на пченицата

Потсетуваме-во член 40 од Законот за земјоделие и рурален развој јасно се посочува дека доколку пазарната цена на житариците е под производната цена тогаш државата по закон врши интервентен откуп со цел заштита на цените континуитет во производството како и економска одржливост житариците како стратешка култура за државата. Притоа, додава, интервентната откупна цена мора да е над производната цена зголемена за 25%.

Националната мрежа на земјоделци бара интервентен откуп на пченицата. Претседателот на Националната мрежа на земјоделци, Ѓорѓи Каракашев вели дека во член 40 од Законот за земјоделие и рурален развој јасно се посочува дека доколку пазарната цена на житариците е под производната цена тогаш државата по закон врши интервентен откуп со цел заштита на цените континуитет во производството како и економска одржливост житариците како стратешка култура за државата. Притоа, додава, интервентната откупна цена мора да е над производната цена зголемена за 25%.

Законот е јасен и недвосмислен и секој обид да се релативизира состојбата со некои скромни средства под име субвенции и со цени далеку под производните е ништо друго освен обичен и вулгарен грабеж и уништување на индивидуалното земјоделско производство во државата, нагласува Каракашев.

Тој забележува дека производната цена на житните култури е повисока од откупната. Производната цена на лебното зрно е 19 денари, а откупната се движи од 9 до 10 денари.

Претседателот на Националната мрежа на земјоделци, Каркашев тврди дека во моментов е стопиран откупот на јачменот. Посочува дека  интервентниот откуп е со цел заштита на цените, континуитет во производството, како и економска одржливост житариците како стратешка култура за државата. Смета дека годинава ќе биде тешка за производителите на житните култури  во делот на откупната цена, дождовите  ги преполовија приносите,а дополнително имаа и скапа сеидба и жетва.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close