Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Три здруженија на сточари се оградуваат од изјавата на Насер Џемаили претседателот на Сојузот „Модерен овчар“

Сточарите контра Џемаили велат дека - „Никој нема право самостојно да одлучува во името на сите сточари без претходна консултација со нив.“

СООПШТЕНИЕ

 

Здруженијата на сточари од Југозападниот дел, „Современ сточар“ од битолско-кичевскиот регион,  „Галички овчар“ од охридскиот регион и „Пелагониски сточар“ од прилепскиот регион се оградуваат од изјавата на претседателот на Сојузот „Модерен овчар“,  Насер Џемаили  во врска со најавениот протест,  поради доцнењето на вакцината против овчји сипаници.

 „Сметаме дека одлуките и јавните настапи во име на сточарите не смеат да бидат личен став на поединец,  туку треба да бидат резултат на заедничка консултација, договор и согласност со сите засегнати здруженија и сточари“, велат сточарите од погоре наведените здруженија.

 

Според нивната реакција:

„Никој нема право самостојно да одлучува во името на сите сточари без претходна консултација со нив.“

 

Дополнително, неприфатливо е сточари да бидат исклучени од заедничката viber-група само затоа што изнесуваат  мислење што некому не му се допаѓа. Различното мислење не е причина  за исклучување, туку можност за дијалог, размена на ставови и изнаоѓање заедниички решенија.

Проблемите со кои се соочуваат сточарите  се заеднички, а такви треба да бидат и одлуките. Само со меѓусебно почитување, транспарентност и единство можеме вистински да ги застапуваме интересите на сточарите.

Се оградуваме од еднострани одлуки и изјави дадени во името на сите сточари без нивна согласнот. Нашиот став е дека гласот на секој сточар мора да се почитува.

 

Со почит

Здруженијата на сточари: „Современ сточар“ од битолско-кичевскиот регион, „Галички овчар“ од охридскиот регион и „Пелагониски сточар“ од прилепскиот регион

 

Поврзани новости

Back to top button