fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Нацрт – Законот за продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост е објавен на страната на Единствениот национален електронски регистар на прописи

Важна информација од МЗШВ

Нацрт – Законот за продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост кој е подготвен од страна на експерти преку проект финансиран од ФАО, денеска е објавен на страната на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР). Во насока на максимална тренспарентност, нацрт – законот ќе биде достапен за јавноста во наредните дваесет дена.
Со овој Нацрт- закон се дефинираат критериумите и начинот на продажба на државното земјоделско земјиште. Но, пред да влезе во постапка на усвојување, како прв чекор и деловничка обврска е истиот да се стави на увид на сите засегнати страни и целокупната јавност.
Затоа, Ве повикуваме, во наредните дваесет дена, активно да се вклучите со свои предлози, коментари и забелешки. Ве повикуваме на соработка и на размена на конструктивни предлози, за да можеме на максимално транспарентен начин, заеднички да креираме закон, со кој ќе се утврди постапката за продажба на државното земјоделско земјиште.
Убедени сме дека со инклузивниот пристап, широката дебата и транспарентната постапка ќе придонесеме во инкасирање на најмалку 250 милиони евра но истовремено ќе има повеќе ивестиции, со што преку развојната компонента ќе придонесеме во економскиот раст на државата.https://ener.gov.mk/Default.aspx?item=pub_regulation&subitem=view_reg_detail&itemid=66709&fbclid=IwAR2i6wwewkDfjFI0_YlJ5QYMyakene4-uhCMdGZBFBwpCbg4ZoFLMqZvXl8
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close