Над 3 евра се продава маслото за јадење во Албанија
Нафтата се покачи на 1,99 евра за литар што е највисоко ниво на поскапување од 26 март.
Над 3 евра чини маслото за јадење во Албанија. Литар масло за јадење се продава по повисока цена од 60 лека (едно евро = 120,99 леки) и сега чини 381 лека (3,1 евро), килограм шеќер 121 лека, ориз 109 лека и килограм брашно 79 лека.
Нафтата е поскапа за 10 лека и изнесува 243 лека (1,99 евра) за литар што е највисоко ниво на поскапување од 26 март. За 10 лека поскапе и бензинот и се продава по 223 лека. За два лека поскап е гасот, кој сега се продава по 106 лека за литар.
Бордот за транспарентност, објави нови цени добија маслото за јадење, шеќерот, оризот и брашното, а пред еден ден и горивата. Албанија е една од земјите во регионот која не може да се пофали со високи плати и добар стандард, и ова ќе ги погоди граѓаните.
https://faktor.mk/povekje-od-3-evra-chini-masloto-za-jadenje-vo-albanija