
ВестиМакедонијаТоп вести
Жител на Кривогаштани возел пијан со 1,85 промили алкохол во крвта
Во с. Бучин, крушевско, полициски службеници од ОВР Крушево го лишиле од слобода М.Г.(59) од с.Кривогаштани.
На 02.07.2025 во 19.27 часот во с. Бучин, крушевско, полициски службеници од ОВР Крушево го лишиле од слобода М.Г.(59) од с.Кривогаштани. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „мазда“, кое М.Г. го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1,85 промили алкохол во крвта. По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по чл.297-а од Кривичниот законик-„безобѕирно управување со моторно возило”.