fbpx
Вести

Над 30 тони тутун во велешко остана непродаден

 

nad 30 toni tutun vo veleshko ostana neprodaden

Од Министерството за земјоделие велат дека пред нова година имале состанок со откупувачите, кои изразиле заинтересираност да го откупат целиот тутун

риесет тони тутун скапува по амбарите во општина Лозово, откако Струмица табак го затвори откупниот центар. Тутунарите се жалат дека иако имеле  договори со струмичкиот монопол да произведуваат квалитетен тутун – басмак, за чие производство потрошиле многу пари, сега нема каде да го продадат.

Тутунарите посочуваат дека се било добро до Нова година, кога од Струмица табак им кажале дека ја изгубиле лиценцата и нема да продолжат со откуп на тутун.

-Другите откупувачи се понудија да го преземат тутунот, но ни го проценуваат под класа. Наместо прва или втора класа, велат била тртета и четврта. Цената е под нашите очекувања и вредноста на тутунот. Не можеме да го покриеме ни потрошеното за производство – изјави тутунар.

Од Министерството за земјоделствот тврдат дека веќе имале состанок со откупувачите, кои изразиле заинтересираност да го откупат целиот тутун.  Додаваат дека цената е утврдена со закон и дека незадоволните тутунари треба да се жалат во инспекцијата.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close