fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Најголемиот производител на шеќер Бразил ќе има пад од 6 милиони тони

Капацитетот ќе го зголеми Индија, Русија, Тајланд и ЕУ

Се проценува дека падот на најголемиот производител на шеќер во светот Бразил, ќе се компензира со зголемување на производствениот капацитет во Европската унија, Индија, Русија и Тајланд.
Надворешната служба на Министерството за земјоделство на Соединетите Држави (USDA) објави извештај во кој се проценува дека производството на шеќер во Бразил ќе биде за 6,1 милиони тони помало, или 36 милиони тони, што делумно се должи на интензивните суши и мразови. Во извештајот се наведува, со оглед на важноста на бразилските производители и извозници, ова намалување значително ќе влијае на светските акции и цените на шеќерот. ICE фјучерси за суров шеќер на берзата се продаваа за 20,2 американски центи за фунта (0,453 килограми), со што останаа блиску до четиригодишниот максимум. Причината се прогнозите за тесни грла во синџирите на снабдување и долгорочните инвестиции, наведува „Трејдинг економикс“. Производството на шеќер во Индија се очекува да се зголеми за три отсто, на ниво од 34,7 милиони тони, додека во Европската унија ќе се зголеми за 1,2 милиони тони, односно на ниво од 16,6 милиони тони.https://opserver.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close