fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Трајан Димковски-Политичко барање на опозицијата е за 100 % зголемување на субвенциите за тутунарите

ОТКУП НА ТУТУНОТ-Таму каде што има бизнис, политиката да не го бутка носот, бара заменик министерот за земјоделие Димковски

Политичко барање на опозицијата е за 100 % зголемување на субвенциите за тутунарите. Таму каде што има бизнис, политиката да не го бутка носот, рече заменик министерот за земјоделие Трајан Димковски на  Собраниската комисија за земјоделие која е во тек а на  која се расправа по информацијата за тутунот.

-Зборуваме цело време субвенции, субвенции, субвенции, дајте субвенции. Вашето барање е 100 проценти да се зголемат, односно од 160 денари за прва класа, 140, 120 …Ова е лесно да се испука, нели? Дури и барањето  на тутунарите никогаш не спомнаа 100 % зголемени субвенции, ова е политичко барање. Затоа на почеток реков, таму каде што има бизнис политиката да не го бутка носот.  Едно да знаете СДСМ е 4 години на власт и никој не ги спомнува трите години кога цената на тутун беше 200 денари-2018, 209 денари -2019, и лани 219 денари просек за килограм тутун. Никој не кажа браво СДСМ , вие го направивте ова. Пазарот! Со посебни интервентни мерки се иде кога има пореметување на пазарот. Ние денеска со тутун немаме пореметување на пазарот. Никој не кажа дека тутунот не ви го откупува. Ние имаме пореметување во цена. Од тој аспект овие 100 проценти се неприфатливи апсолутно, рече вечерва Трајан Димковски заменик министерот за земјоделство на Собраниската комисија на која се разговара по информацијата за тутун.

А. Блажевска

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close