fbpx
ВестиВино

Најмногу вино се пие во Ватикан, Македонија на деветто место

Најмногу вино во светот се пие во Ватикан, Андора и Хрватска, а Македонија е деветта на листата од 225 држави, покажало истражувањето на The Wine Institute од Калифорнија, САД кои спровеле истражување за годишната потрошувачка на вино на жител во светот. Резултатите се однесуваат на 2014 година, со ревизија на податоците за 2015 година, но само за неколку држави од листата.

najmnogu se pie vino vo vatikan makedonija na devetto mesto

 

Државите од Европа го држат приматот според испиено вино, иако на дното на листата се Црна Гора и Полска, каде што пијат над 0,6, односно 0,4 литри вино по глава на жител, како и Турција и Косово, што, сепак, е разбирливо бидејќи станува збор за држави со доминантно муслиманско население.

Според истражувањето, во Ватикан, каде што живеат 836 лица, секој жител пие по 54,2 литри вино годишно, a 85.082 жители на Андора пијат по 46,2 литри вино. На листата следат Хрватска со 44,2 испиени литри вино на жител и Словенија со 44 литри вино, што значи дека Словенците со речиси 2 милиона жители пијат исто колку 4,4 милиони Хрвати. Над 42,6 литра вино годишно на жител пијат во Норфолк Ајланд кој има популација од 2.182 жители. Следат земјите познати по своите вина, Франција и Португалија со 42,5 односно 41,7 испиени литри по жител со тоа што Французите 65,6 милиони се без малку шест пати побројни од Португалците-10, 7 милиони жители.

Над 7,6 милиони Швајцарци пијат по 40,49 литри вино годишно, a исто толку 40,41 литри испиваат и над 2 милиона Македонци. Листата од првите десет држави завршува со Фолкландските Острови, чии 3,140 жители пијат по 35, 7 литри вино секоја година.

Во првите дваесет држави се уште Сент Пјер и Микелон, која има популација од 5,831 жители, но со 35,25 испиени литри на жител. Следат Молдавија, каде што 3,6 милиони жители пијат во просек по 34,1 литри вино, па 61,2 милион Италијанци со испиени 33 литри на жител. Австрија, со популација од 8,2 милиони, е 14 на листата со испиени 30,6 литри вино на жител, па следат Уругвај, со 3,3 милиони жители, со 29,1 испиени литри на жител, а секоја од 10,7 милиони Грци пие по 27,8 литри годишно. Во Гибралтар, кој брои 29.034 жители, секој пие по 27,5 литри вино, 26 литри вино на жител испиваат 9,7 милиони Швеѓани, a 24,8 литри вино пијат 81,3 милион Германци. На 20 место е Австралија каде што над 22 милиона жители пијат по 24,53 литри вино годишно.

The Wine Institute е најголемата асоцијација на винарници во Калифорнија, која е најпозната држава во САД според производство на вина. Институтот е легитимен претставник на над 1.000 винарници и придружни компании од Калифорнија.

Најмногу испиено вино во САД

Сепак, генерално најмногу вино пијат Американците 3,2 милиони литри годишно, но на 313 милиони жители тоа се 10,2 литри на жител. На листата следат Франција со 2,7 милиони литри, Италија со 2,04 и Германија со 2.02 милиона литри вино. Над 1.3 милијарда Кинези, пак, пијат 1,5 милиони литри вино секоја година, или по 1Д литар секој од нив. Во Велика Британија годишно се испиваат 1,З милион литри, односно 63 милиони Британци по 21,9 литро секој, како и милион литри во Шпанија, која има популација од над 47 милиони, или 21,2 испиено литро на жител. Во Македонија годишно се испиваат 84,146 литри вино.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close