Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Најниско прифатлива цена за откупот на оризовата арпа е 40 денари по килограм
Национална земјоделска мрежа вели дека оризарите се изманипулирани
Почитувани оризопроизводители
Како Национална земјоделска мрежа го искажуваме ЈАВНО нашиот став дека не се согласувамеи не ги прифаќаме предложените решенија и заклучоци од денешниот состанок помеѓу ресорниот министер за земјоделие и така наречените преставници на оризарите.Со тоа се потврдува уште еден обид за груба манипулација врз макотрпниот труд на оризопроизводителите. Националната земјоделска мрежа е доследна во одбрана на ставовите и заклучоците од одржаната трибина во Облешево на 03.11.2024 год каде оризарите едногласно се сложија дека најниско прифатлива цена за откупот на оризовата арпа е 40 денари по килограм за ситните сорти и 45 денари по кг за покрупните сорти и се под тоа е директна загуба Обидот за повторна манипулација со така наречените рандаманки нема да ви успее Тоа се манипулативни инструменти кои никаде не се пропишани ни по закон ни по правилник како меродавни инструменти односно не се признаени од институтот за метеорологија и стандардизација на мерни инструменти што во принцип значи дека на највулгарен начин се злоупотребуваат оризопроизводителите.
Јавно го повикуваме ресорното министерство и инспекторатот јавно да се произнесат по кој закон и по кој правилник така наречените рандаманки се инструмент за одредување на квалитетот на оризот Во одсуство на јавен одговор од надлежните ке сметаме дека нашите сомнежи се оправдани и решително и бескомпромисно ке се спротиставимр Националната земјоделска мрежа е и останува докрај со оризопроизводителите се до исполнување на нивните оправдани барања
Со искрена почит -Ѓорги Каракашев