fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Најнова вест-Четврток во 14 часот тутунарите на средба со Заев

И денес на откупните пунктови се ценеше лошо, а во дел од откупните пунктови имаше малку поблаги проценки.

Тутунарите од Иницијативниот одбор во четврток во 14 часот закажаа средба во Владата со премиерот Зоран Заев , со цел  да ги надминат проблемите со откупот на тутунот.

-Ова ни е последна шанса, што можеме нешто мирно да решиме, да одиме на средба со премиерот Зоран Заев и да побараме да се реши нашиот проблем. Да се најде, каде кочи работата околу реалната проценка на тутунот. И денес на откупните пунктови се ценеше лошо, а само во дел од откупните пунктови имаше малку поблаги проценки. Имаме збор од министерот Хоџа, ако тутунарите не се  задоволни од проценката, и ако не им се цени реално тутунот според кавлитетот да повикаат Второстепена комисија. Тогаш комисијата ќе биде на страна на тутунопроизводителот, вели Тони Ангелески од ИО.

Ангелески вели дека голем дел од разочараните тутунари денеска си ги вратија пакетите со тутун дома, чекајќи подобра проценка.

А.Б

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close