fbpx
ВестиДвор и градинаТоп вести

Ефикасно чистење на овоштарници со Husqvarna дувалки

Лисната маса може да се собира на повеќе начини и во повеќе фази а тоа може да биде комплициран процес а тоа зависи од самата конфигурација на теренот, состојбата на теренот, како и од самиот пристап на механизацијата. Собирање на лисната маса може да се направи во еден или во повеќе „налети“ и врз основ на ова се прави и поделба на механизацијата која што ќе се искористи за собирање на отпаднати листови.

Денес на пазарот може да се најде различна опрема со различни функции и со различна моќност. Современа механизација овозможува брзо и ефикасно собирање на листовите, а пред се не бара ангажирање на голем број на вработени во самиот процес на собирање. Со елиминација на штетници и болести од овоштарници и од лозови насади се обезбедуваат пониски трошоци на производниот процес а со тоа и поквалитетен и поевтин производ.

Од компанијата Husqvarna ни доаѓаат специјализирани, моќни и доверливи дувалки наменети за ефикасно собирање на отпадните листови. Можат да се носат на рака, да се носат на ранец, идеални се за чистење на тротоари, овоштарници и лозови насади. Компанијата Синпекс во својата понуда ги има сите модели на Husqvarna дувалки со различен начин на употреба и со различна моќност.

 

Слични написи

Back to top button
Close