
Вести
Намалено производство на шумски производи
Вкупното производство на шумски производи во државните шуми во првото тримесечје од 2015 година е намалено за 43 отсто во однос на истиот период лани.
Како што соопшти Државниот завод за статистика, намалување на шумското производство е забележано кај повеќето шумски сортименти.
Зголемување, пак, е евидентирано кај огревното дрво од иглолисни видови и просторното дрво од иглолисни видови.