fbpx
ВестиТоп вести

Помор на пчели во Кикинда: Настрадаа  во стотици кошници

 

 

 

Масовен помор на пчели  беше регистрирана во четвртокот во атарот  на Кикинда, на кој голем број пчелари беа оштетени, предизвикувајќи големи загуби. Досега 15 пчелари пријавиле целосна штета. Стотици  роеви настрадаа во стотици кошници.

Според претседателот на здружението на пчелари Кикинда Саша Чолак, до сега 15 пчелари пријавиле целосна штета во нивните пчелни семејства, а стотици кошници останале без пчели. “Се плашиме дека ова нема да биде конечен  црн биланс “. Труењето беше забележано во близина на  Башаидскиот , Новомилошевачкиот  и Иџошкиот пат, а надлежните органи спроведуваат истрага во Водице. Алармирана е  полицијата, обвинителството, Градскиот Секретаријат за заштита на животната средина, земјоделството и руралниот развој, ветеринарната  и санитарната  инспекција.  Тие ќе земат примероци на мртви пчели на сите локации “, рече Чолак, кој го пренесува порталот www.gradski.online во Кикинда. 

Штетата  во 2015 година се проценува на 700.000 евра

До помор на пчелите доаѓало и  во претходните години.  Со  слични проблеми  пчеларите во  Кикинда беа погодени во 2015 година, објави Дневник. Потоа, како што потсети Чолак, имало вкупно 3.509 кошници, кои настрадале,  а материјалната штета била проценета на околу 700.000 евра. Тогаш  до помор  на пчелите  дошло поради неадекватно третирање на  сончогледовото семе со несоодветни хемиски препарати.

Помор на  пчели, имаше  минатата година и пред минатата година. Но според Чолак, ова масовно труење најверојатно се случило по третирањето на  пченицата  со инсектицид и фунгицид. “Срам е ова. Целосен помор на пчелите. Очигледно  некој направил  смртоносен коктел за пчелите. Истрагата е во тек. Бараме сомнителни парцели  и се плашиме  дека штетата ќе биде уште поголема, бидејќи некои колеги се уште не ги имаат посетено своите пчеларници “, рече Чолак. 

 Во април повеќе од 100 случаи на помор пчели

 Ве потсетуваме дека во април се забележани повеќе од 100 случаи на помор на пчели во Србија, кои  бројат од 30 до 150 кошници. Ова се податоците на здружението „ Да ги сочуваме пчелите“. Во средината на април од селото Прилика во близина на Ивањица, пчеларникот на  Аки Вујовиќ беше целосно отруен , во Мркачевци  беа отруени со 96 пчелни семејства , објавува порталот  www.agroklub.rs.

Според информациите што ги има Здружението “Да ги спасиме  пчелите”, а ги  објавува порталот www.agroklub.rs, во последните десет години, бројот на случаи на помор пчели се зголемил. Првата појава на масовно труење на полињата во Војводина е регистрирана во 2009 година. Во ова здружение  забележуваат дека  медоносната пчелата во последнава деценија укажува на ситуацијата на прекумерна и неправилна употреба на пестициди, бидејќи нејзиното труење во  полињата  и во  овоштарниците  е големо.  П.Ј.

 

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close