fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Намалување на шумските производи за 1,4 проценти

Вкупното производство на шумски производи во државните шуми во второто тримесечје од 2021 година, во однос на второто тримесечје од 2020 година, е намалено за 1,4 проценти, соопшти Државниот завод за статистика.

Зголемување на шумското производство е забележано кај трупците од листопадни видови, рудничкото дрво од иглолисни и листопадни видови и огревното дрво од иглолисни видови.

Намалување на шумското производство е забележано кај трупците од иглолисни видови, другото обло дрво од иглолисни видови, просторното дрво од иглолисни видови и огревното дрво од листопадни видови. Во истиот период продажбата на шумски сортименти изнесува 129 832 метри кубни и бележи зголемување за 0,8 отсто./МИА

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close